понеделник, 23 декември 2024

После 14 години постоење државата реши да ја затвори Агенцијата за нуклеарна технологија

Во македонското Собрание веќе е започната процедурата за донесување одлука за затворање на Агенцијата за нуклеарна технологија формирана во 2010 година. После 14 години се увиде дека е сосема непотребно постоењето на оваа Агенција. Законот за формирање на национална агенција за нуклеарна технологија беше донесен во 2010 година на предлог на тогашниот министер за образование Никола Тодоров.

Објавено на

часот

Сподели

Идејата при формирањето на оваа Агенција беше развој на технологии и истражувања од областа на нуклеарната физика, физиката на елементарните честички и други истражувања од областа на нуклеарната наука. Целта беше преку Агенцијата да се учествува во научните програми на Европската организација за нуклеарни истражувања ЦЕРН, учество на научници, инженери, техничари и друг стручен кадар од Република Македонија во истражувачките проекти на ЦЕРН, развивање апликации за индустријата, развивање медицински апликации, развивање апликации од областа на енергетиката, изработка на проекти за примена на нуклеарни апликации за мирновременски цели, едукативни активности во областа на нуклеарната наука и технологија, и во други сродни области, соработка со домашни и странски институции и организации од областа на нуклеарните технологии…

Секоја година во Буџетот беа определувани средства за работа на оваа Агенција кои биле користени за хонорарите на членовите на управниот одбор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ