петок, 18 октомври 2024

После 13 години, стручна комисија ќе ја ревидира позитивната листа на лекови

Објавено на

часот

Сподели

Оваа комисија, наведе министерот Меџити, континуирано ќе работи на изменување и дополнување на позитивната листа на лекови и верувам дека конечно после долг период ќе воспоставиме функционален систем со цел задоволување на потребите на пациентите со соодветни терапии.

Комисијата е составена од експерти во оваа област, односно претставници од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови и медицински средства, Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, како и од универзитетските клиники, кои се доктори-специјалисти од различни области на медицината и фармацијата, појасни министерот.

Меџити верува дека фармацевтските компании веќе ја подготвуваат потребната документација за да одговорат на барањата на Правилникот и дека во блиска иднина ќе пристигнат и првите апликации.

Грижата за пациентите е наш стратешки приоритет и во таа насока Министерството за здравство континуирано работи на надградување на прописите со кои се уредува областа на лековите, нагласи министерот.

Претседателот на стручната комисија, професор доктор Љубица Шутуркова изјави дека после 13 години повторно постои можност да се ревидира листата и се надева оти ќе имапоголема достапност во ограничените македонски ресурси за здравство што ги имаме.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ