сабота, 27 јули 2024

Поскапувањето на струјата на затворена владина седница

Објавено на

часот

Сподели

Но, како што рече, од страна на ЕСМ уште не е доставена информација до Владата за таа да утврди цена со која ЕСМ ќе учествува во тендерот кој ќе биде објавен од страна на ЕВН Хоум.

Според него, најверојатно нема да се прифати барањето на енергетските компании за зголемување на цената за 13 отсто.

„Не верувам дека директорот на РКЕ, Бислимовски кажал таква изјава. Претходната година енергетските компании бараа зголемување, ако се сеќавате, на 78 отсто, па надминаа некои компании и над 100 отсто. Не е важно колку бараат тие. Важно е колку ќе се одобри од страна на РКЕ и која ќе биде цената која ќе ја утврди Владата на ЕСМ која ќе го даде кон универзалниот снабудвач, во овој случај на ЕВН која цена важи за домаќинства и за мали потрошувачи, што значи дека 13 отсто зголемување кое е барање од страна на енергетските компании нема да се прифати најверојатно. Јас можам да кажам дека нема да се прифати цената што би можела да ја бара ЕСМ бидејќи секако дека ЕСМ ќе бара цена, а работа на РКЕ е да направи анализи и калкулации за барањето од страна на МЕПСО и Електродистрибуција“, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по економскиот форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ