Во првото тримесечје од годинава, во споредба со првото тримесечје од 2023 година, цените на услугите за транспорт и складирање се на исто ниво. Цените за копнениот и цевководниот транспорт бележат пад од 0,1 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги бележат пораст од 3,8 проценти.
Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пад од 0,7 проценти во одделот Телекомуникации.