сабота, 27 јули 2024

Посебен сообраќаен режим за Задушница кон гробиштата во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, 9 март, поради верскиот празник Задушница од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Објавено на

часот

Сподели

Со почеток од 6 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.Бутелска, лево по ул.Александар Урдаревски, лево по ул.Боца Иванова и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта, десно по ул.Боца Иванова, до кружниот тек на ул.Бутелска, па лево по ул.Бутелска и десно по ул.Кемал Сејфула.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ