сабота, 27 јули 2024

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување атлетска трка

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска од 9 часот поради одржување на атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св.Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Објавено на

часот

Сподели

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ