сабота, 2 ноември 2024

Посебен сообраќаен режим во Скопје во велигденската ноќ

Објавено на

часот

Сподели

Во сабота, по 18 часот па до завршувањето на манифестацијата „Воскресение Христово – Велигден“, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници:

•     бул. Партизански одреди, од раскрсницата со ул. Френклин Рузвелт до раскрсницата со бул. ВМРО

•     бул. Св.Климент Охридски“, од раскрсницата со бул. Илинден до раскрсницата со ул. Димитрие Чуповски
 

Возилата од јавниот градски сообраќај (автобусите) кои што поминуваат преку мостот Гоце Делчев ќе се движат по бул. Илинден и преку ул.Френклин Рузвелт и ќе се приклучуваат на бул. Партизански одреди, додека автобусите кои што поминуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.Митрополит Теодосиј Гологанов, пото по ул.Френклин Рузвелт и ќе се приклучуваат на бул. Партизански одреди. Истите сообраќајници ќе ги користат и автобудите кои сообраќаат во спротивна насока.

Исто така, во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе се затвори ул.Македонска војска, пред црквата Свети Петар и Павле, на потегот од крстосницата со бул.Партизански одреди до ул.Ѓорче Петров.

Во општина Аеродром, пак, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче. Доколку се појави потреба, за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници околу верските објекти.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

                                                                                                                                         Фото: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ