сабота, 27 јули 2024

Посебен сообраќаен режим во недела во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Велосипедската трка почнува во 9.45 часот, при што почетната точка е од пред Музеј на град Скопје, ул.Св. Кирил и Методиј, а продолжува со траса на движење по бул.Св. Климент Охридски, бул.Мајка Тереза, ул.Тодор Александров, локален пат за Средно Водно до врв на Водно (Милениумски Крст).

Планинарите стартуваат во 10 часот, а трасата на движење почнува пред Основно училиште Кочо Рацин на бул.Мајка Тереза, ул.Тодор Александров и ул.Салвадор Аљенде, ридско пешачките патеки кон Средно Водно, од Средно Водно кон врв на Водно (Милениумски Крст). Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката“, се вели во известувањето на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ