сабота, 27 јули 2024

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се спрема симулациска вежба за земјотрес

Во Скопје утре од 9 до 14 часот ќе бидат затворени за сообраќај неколку крстосници. Во тој период ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес  „Хуманитарен одговор 2023“  планирана за 18. месецов, во организација на Црвен Крст, а под покровителство на Претседателот на државата во Градски парк Скопје.

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што најави Министерството за внатрешни работи, утре од 9 до 14 часот затворени ќе бидат крстосниците на булевар Илинден од крстосницата со булевар Св.Климент Охридски до крстосницата со улица Франклин Рузвелт и од крстосницата со улица Бледски Договор“ до крстосницата со улиците Никола Тесла и Наум Наумовски Борче. Затворени за сообраќај ќе бидат и улицата Јордан Хаџиконстантинов-Џинот од крстосница со улица Орце Николов до крстосницата со улица Ленинова и булевар 8 Септември од крстосницата со булевар Илинден до сервисната улица за влез во хотелот Александар Палас.

Главниот настан ќе се одржи на 18. месецов (среда) во периодот од 9 до 14 часот часот поради што затворени за сообраќај ќе бидат крстосниците на булевар Илинден од крстосницата со булевар Св.Климент Охридски до крстосницата со улица Франклин Рузвелт и од крстосницата со улица Бледски Договор“ до крстосницата со улиците Никола Тесла и Наум Наумовски Борче. Затворени за сообраќај ќе бидат и улицата Јордан Хаџиконстантинов-Џинот од крстосница со улица Орце Николов до крстосницата со улица Ленинова, улица Ристо Шишков од крстосницата со улица Наум Наумовски Борче до крстосницата со Ленинова. Затворени ќе бидат и сообраќајниците околу градскиот стадион Тодор Проески и булевар 8-ми Септември од крстосница со булевар Илинден до сервисната улица за влез во хотелот Александар Палас.

„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, најавува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ