сабота, 19 октомври 2024

Португалија со убедлива победа се враќа од БиХ, два гола на Роналдо (ВИДЕО)

Португалија иако веќе беше пласирана на Европското првенство, оствари убедлива победа на гостувањето кај Босна и Херцеговина од 5-0, два погодоци беа дело на Кристијано Роналдо, Холандија со погодок на Ван Дајк во финишот од мечот оствари минимален но многу важен триумф во Грција.
 

Објавено на

часот

Сподели

Сите пет голови Португалија ги даде во првиот дел. Серијата започна уште во петтата минута кога Роналдо од пенал погоди за 1-0, а 15 минути подоцна ЦР7 даде уште еден гол за 2-0.

Останатите три погодоци ги постигнаа Бруно Фернандеш, Жоао Кансело и Жоао Феликс.

Холандија оствари многу важна победа во Грција од 1-0 со која се најде на чекор до пласман на Европското првенство.

Голот го постигна Вирџил ван Дајк од пенал во 93. минута. Холанѓаните имаа пенал и во првиот дел, но тогаш Вегхорст не реализираше.

Клучна победа оствари и Словачка на гости кај Луксембург со 1-0. Словаците не се теоретски уште на ЕП, но потребен им е само бод за заверка на местото таму, под услов Луксембург да ги добие и двата меча до крај.

Австрија со 1-0 победи кај Азербејџан и се пласираше на Европското првенство.

Република Ирска со 4-0 славеше на гостувањето кај Гибралтар, а со истиот резултат Исланд го совлада Лихтенштајн.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ