Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така ги отфрли извештаите на турските медиуми дека Асад бил затворен во Москва и дека му бил замрзнат имотот.
„Не, тоа не кореспондира со реалноста“, одговори тој на прашањето за време на конференциски повик за тоа дали наводите одговараат на реалноста.
Турските и арапските медиуми вчера објавија дека Асма ал Асад поднела барање за развод во Русија, каде семејството Асад доби азил овој месец, откако бунтовниците ја презедоа контролата врз Дамаск.