сабота, 27 јули 2024

Портпаролот на Олаф Шолц: Во Германија нема да има вонредни избори

Нема да има вонредни избори во Германија и покрај катастрофалниот неуспех на владејачката коалиција на изборите за Европскиот парламент, изјави денес портпаролот на германскиот канцелар Олаф Шолц, Штефен Хебестрајт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Редовниот датум на изборите е следната есен. И тоа е она што планираме да го направиме“, кажа тој за медиумите.

Откако Социјал-демократите (СДП) постигнаа историски најлош резултат со освоиени 14 отсто, зад крајно десничарската АфД со 16 отсто и конзервативниот блок ЦДУ-ЦСУ со 30 отсто, многу политичари во Германија го повикаа Шолц да распише вонредни парламентарни избори.

„Факт е дека коалициската влада е надгласана и Олаф Шолц мора да распише нови избори, како Макрон“, кажа премиерот на германската сојузна држава Баварија и лидер на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) Маркус Зедер.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја распушти владата откако неговата партија Препород освои 15 отсто од гласовите, додека десничарската партија Национален собир на Марин ле Пен освои 32 отсто од гласовите.

Макрон порача дека на изборите за Европскиот парламент е „научена главната лекција“, односно дека „партиите кои ја бранат Европа“ не оствариле добар резултат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ