сабота, 27 јули 2024

Портпаролот на кинеската војска: Независноста на Тајван ќе значи почеток на војна

Независноста на Тајван може да значи почеток на војна, повторното обединување на Кина е неповратен тренд во историјата, изјави денеска портпаролот на кинеската војска Ву Чиан.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ву го изјави ова како одговор на новиот претседател на кинескиот остров, кој бара независност, Лаи Чинг-те, чиј говор, според Ву, е признание за неговите обиди да бара независност „потпирајќи се на надворешни сили“, пренесува Ксинхуа.

„Сепаратистичките активности со кои се бара независност на Тајван претставуваат најголема реална закана за мирот преку Тајванскиот теснец“, рече Ву.

Тој нагласи дека кинеската војска ја презема мисијата за заштита на националниот суверенитет и територијален интегритет на Кина и е целосно подготвена да преземе решителна акција за да „се спротивстави на секакви сепаратистички обиди за независност на островот и да спречи странско мешање“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ