вторник, 18 март 2025

Портпаролката на Трамп кажа „Французите поради нас не зборуваат германски“, па доби одговор (ВИДЕО)

Францускиот пратеник Рафаел Глуксман ѝ одговори на портпаролката на Белата куќа Керолајн Левит во расправата околу враќањето на Статуата на слободата во Франција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Глуксман сугерираше дека Соединетите Американски Држави треба да ѝ ја вратат на Франција Статуата на слободата, која им ја подари на Американците во 1876 година.

„Ќе им кажеме на Американците кои застанаа на страната на тираните, на Американците кои отпуштија истражувачи поради барањата за научна слобода: „Вратете ни ја Статуата на слободата“ Ви ја дадовме како подарок, но очигледно ја мразите. Значи, ќе ѝ биде сосема добро тука, дома“, изјави Глуксман.

Левит му одговори: „Апсолутно не. Мојот совет на тој анонимен француски политичар би бил да ги потсети дека Французите во моментов не зборуваат германски само поради Соединетите Американски Држави. Затоа би требало да ѝ бидат благодарни на нашата голема земја“.

Глуксман ѝ одговори на Левит со подолг текст на социјалната мрежа Икс.

„Драги Американци, бидејќи вашата портпаролка на Белата куќа ме нападна, имам потреба да кажам неколку работи.

Нашите народи се тесно поврзани со историјата, крвта која ја пролеавме и страста за слободата која ја делиме, страста која ја симболизира оваа статуа која Франција им ја подари на Соединетите Американски Држави за да ѝ оддаде почит на вашата славна револуција. Како што портпаролката на оваа срамна администрација кажа: без вашата нација, Франција би „зборувала германски“.

Во мојот случај тоа оди и понатаму: едноставно не би бил тука ако стотици илјади млади Американци не слетаа на нашиот брег во Нормандија. Но Америка на тие херои се бореше против тираните, не им ласкаше. Беше непријател на фашизмот, а не пријател на (рускиот претседател Владимир) Путин. Му помагаше на отпорот, а не го напаѓаше (украинскиот претседател Володимир) Зеленски. Ја славеше науката, и не отпушташе научници поради користење забранети зборови. Ги прифаќаше прогонетите, а не ги напаѓаше.

Беше далеку, далеку од тоа што вашиот актуелен претседател го прави, зборува и претставува. Оваа Америка, верна на прекрасните зборови изгравирани на Статуата на слободата, вашата Америка, вреди толку повеќе од предавството на Украина и Европа, ксенофобијата и мракот. Сите ние во Европа ја гледаме оваа нација на која знаеме дека ѝ должиме толку. Таа повторно ќе се крене. Вие повторно ќе се кренете. Сметаме на вас. И токму поради тоа што сум вџашен од изјавите на Трамп, кажав вчера дека симболично би можеле да си ја земеме назад Статуата на слободата ако вашата влада презира сè што таа симболизира во вашите очи, нашите очи и очите на светот.

Беше тоа повик на будење. Никој, нормално, нема да дојде и да ја украде Статуата на слободата. Таа е ваша. Но она што го претставува им припаѓа на сите. Ако слободниот свет повеќе не ја интересира вашата влада, тогаш ние ќе го преземеме факелот, тука во Европа. Додека повторно не се сретнеме во борбата за слобода и достоинство, ќе ја продолжиме нашата историја и ќе го штитиме нашето богатство: повеќе од статуа од бакар и челик, туку слободата која ја симболизира“, смета Глуксман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ