петок, 26 јули 2024

Поротата го прогласи Хантер Бајден виновен по сите точки на обвинението

Поротата го прогласи Хантер Бајден, синот на претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден, за виновен за нелегално поседување оружје додека користел дрога.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Ројтерс, 12-члената порота го прогласи за виновен по сите три точки на обвинението, со што тој стана првиот син на еден претседател на САД осуден за кривично дело.

Судијата не одреди датум за изрекување на пресудата, но кажа дека рокот е обично околу 120 дена. Тоа значи дека изрекувањето на пресудата ќе се одржи најдоцна еден месец пред американските претседателски избори на 5 ноември.

Судењето на Хантер Бајден почна на 3 јуни во Вилмингтон во сојузната американска држава Делавер. Тој е обвинет за три кривични дела кои произлегуваат од неговата набавка на револвер во 2018 година.

Обвинителството го товари дека при купувањето на „колт кобра“ во Вилмингтон го лажел трговецот со оружје со сојузна лиценца, дека во пријавата невистинито навел дека не е корисник на дрога, како и дека 11 дена нелегално го поседувал револверот.

Хантер Бајден претходно се изјасни дека не е виновен за обвиненијата.

Судењето почна набрзо по историската пресуда на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ