сабота, 19 октомври 2024

Пораз на Македонија ЃП од РФС Рига во првиот квалификациски меч од Конференциската лига

Објавено на

часот

Сподели

Мечот меѓу Македонија ЃП и РФС Рига се играше на тропски услови, на скопската жештина подобро се снајдоа гостите од Летонија кој дома се враќаат со минимален триумф.

РФС Рига беше подобар тим во првото полувреме во кое Македонија ЃП не создаде шанса. Клучниот момент се случи во 34. минута кога Илиќ постигна лесен гол за водство на гостите од 1-0. Брзо по дадениот гол Илиќ ја погоди и пречката.

Во вториот дел Македонија ЃП беше поконкретна но и противникот создаваше шанси со кои можеше да го зголеми водството. Во судиското продолжение гостите имаа нова пречка, овојпат Клаудио погоди.

Реваншот во Летонија е за седум дена, шансите на Македонија Ѓорче Петров постојат, но мисијата ќе биде исклучително тешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ