сабота, 27 јули 2024

Поранешните шефови на тајната полиција на Милошевиќ осудени на по 15 години затвор

Објавено на

часот

Сподели

Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Хаг изрече денес, 31 мај, правосилна пресуда со која се прогласени за виновни за злосторства во Бјелина, Зворник, Добој, Трново и Сански Мост. Со тоа е важен дел од жалбата на обвинителството.

Станишиќ и Симатовиќ на 30 јуни 2021 во повторно судење првостепено беа осудени на по 12 години затвор за злосторства во Босански Шамац, поради помагање и поддржување прогон, убиства, депортација и присилно преместување на муслиманите и Хрватите од ова гратче на северот на Босна и Херцеговина, во пролетта 1992.

Утврдено е дека злосторствата во таа општина ги извршила специјалната единица на српските сили „Црвени беретки“, под контрола на Станишиќ и Симатовиќ.

За време на изрекувањето на пресудите на Станишиќ и Симатовиќ, судот ги опиша злосторствата извршени на територијата на Босански Шамац, откако српските сили, вклучувајќи ги паравоените формации, го зазеле во април 1992.

Обвинителството во жалбата на првостепената пресуда, изречена по повторената постапка, побара Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ да бидат осудени и за здружениот злосторнички потфат во кој биле вклучени и поранешниот претседател Слободан Милошевиќ и други високи функционери на Србија.

Побарано е и да бидат осудени за злосторства извршени не само на подрачјето на Босна и Херцеговина, туку и во Хрватска, за време на војните на почетокот на 1990-тите.

Одбраната на Станишиќ за време на жалбеното рочиште, одржано во јануари 2023 година, тврдела дека „Станишиќ докажано бил клучен миротворец“ за време на војните во бивша Југославија, и бараше ослободување или, алтернативно, намалување на казните.

Судењето на Станишиќ и Симатовиќ почна во 2003 година пред Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ