сабота, 2 ноември 2024

Поранешниот шеф на турската армија уапсен поради заговор против владата

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот шеф на турските воени сили е во затвор и ќе го чека обвинението за наводен заговор да се симне власта.
Ген Илкер Базбуг, кој се пензионира во 2010., е највисоко рангираниот офицер уапсен во скандалот со таканаречената Ергенекон-мрежа.
Обвинителите тврдат дека во 2003. екстремната националистичка група се обидела да ја симне од власт владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Ген Базбуг ги отфрла обвиненијата. Против околу 400 осомничени веќе се води судски процес.
„Сметам дека е трагикомично да се обвини некој што командува толкава армија дека формирал и управувал терористичка група“, им изјави Базбуг на обвинителите.
Судењето на Ергенекон е едно од неколкуте што вклучуваат обвиненија за антивладини заговори од страна на воени и секуларни организации.
Турската војска, втора по големина во НАТО по таа на САД, одамна се гледа себеси како гарант на државниот секуларен устав и има организирано три државни преврати помеѓу 1960 и 1980.
Но таа има и тензично минато со владејачката партија на Ердоган, АК (партија на правда и развој), а помеѓу двете страни има војна со зборови во минатите две и пол години за наводните заговори.
Критичарите се жалат дека истрагата за Ергенекон се фокусира на противниците на исламистичката АК. Владата ги негира таквите мотиви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ