„Секој кој имал каква било врска со Украина знае дека тоа е земја која е корумпирана на сите нивоа на општеството. И покрај напорите, не е спремна за пристапување, потребни им се опсежни процеси на внатрешни реформи“, кажа Јункер за Аугсбург алгемајне.
„Давањето лажни ветувања на Украинците за пристапување во ЕУ не е добро ни за ЕУ ни за Украина“, додаде Јункер, кој беше шеф на ЕК од 2014 до 2019 година.
„Не би требало да им се даваат лажни ветувања на луѓето во Украина кои се до грло во маки. Многу сум гневен поради некои гласови во Европа кои на Украинците им кажуваат дека веднаш можат да станат членка“, кажа тој.
„Членството во ЕУ за земјите кандидати како Украина и Молдавија мора да биде поврзано со внатрешни реформи и мора да биде поддржано од квалификувано мнозинство“, истакна Јункер.
„Имавме лоши искуства со некои таканаречени нови членки, на пример кога станува збор за владеењето на правото. Тоа повеќе не може да се повтори“, заклучи Јункер.