сабота, 27 јули 2024

Поранешниот проруски претседател на Молдавија е зад решетки, Кремљ не е среќен

Објавено на

часот

Сподели

Окружниот суд во областа Чиокана во главниот град Кишињев донесе одлука два дена откако беше претресена куќата на Додон, а нему му беше одреден 72 часовен притвор.

Обраќајќи им се на медиумите по судското рочиште, Додон рече дека судијата извршувал „политичка наредба“ на прозападната претседателка Маја Санду, која го наследи по победата на изборите во 2020 година. Тој кажа и дека нема никаков имот освен тој што официјално го пријавил.

Молдавската влада ги отфрли обвинувањата за политичко мешање, а министерот за правда Сергиу Литвиненко рече дека случајот ќе се води „строго во согласност со законот“.

Апсењето на Додон доаѓа во време кога односите меѓу Москва и Кишињев стануваат сè позатегнати.

Кремљ претходно изрази загриженост поради веста дека Додон е приведен, а портпаролот Дмитриј Песков ги повика властите во Молдавија да ги почитуваат неговите права.

Во последниве месеци, руските сепаратисти во молдавскиот регион Придњестровје ја обвинија соседна Украина за „пукање, експлозии и упади со беспилотни летала“, што ги зголеми стравувањата дека Молдавија може да биде вовлечена во конфликтот во Украина, наведува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ