Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопштија дека од косовската амбасадата во Македонија е информирана оти македонските власти ја смениле безбедносната мерка на Рамадани од куќен притвор во притвор пред тој да избега од домашниот притвор кој го издржувал во куќата на негови роднини во Скопје.
Поранешниот припадник на ОВК (Ослободителна војска на Косово), Блерим Рамадани од Косово, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена по барање од Србија пред неколку дена избега од куќен притвор од домот на роднини во земјава.
„Од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за лицето Б.Р. бидејќи во моментов е недостапно за органите на прогонот. МВР презема мерки за пронаоѓање на лицето“, соопшти МВР во бегството.
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ за време на посетата на граничниот премин Табановце на 25 јули побара од скопските власти да ѝ го екстрадираат Рамадани на Србија. Прашањето за неговата екстрадиција беше отворено и при посетата на министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља на Скопје на 31 јули. Свечља рече дека Скопје треба да одлучува самостојно, обвинувајќи ја Србија дека има тенденција да ги расипува односите меѓу државите од Западен Балкан.
Рамадани, според косовските медиуми, е третиот државјанин на Косово како поранешен војник на ОВК, уапсен во Македонија врз основа на српска потерница.
Гафур Дуголи и Томор Морина беа уапсени во минатото, но со судска одлука беа ослободени.