вторник, 22 октомври 2024

Поранешниот претседател на Перу осуден на 20 години, „земал 35 милиони долари мито“

Судот во Перу го осуди поранешниот претседател Алехандро Толедо (78) на 20 години и шест месеци затвор за корупција и перење пари, јавува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителите велат дека тој зел 35 милиони долари мито од бразилска градежна компанија која добила договор за изградба на пат во јужен Перу.

Толедо беше на функцијата помеѓу 2001 и 2006 година. Тој беше уапсен пред пет години во Калифорнија, каде што живееше и работеше долги години, а минатата година беше екстрадиран во Перу.

Бразилската компанија Одебрехт призна дека плаќала милиони долари мито на службеници ширум Латинска Америка и САД за да обезбеди владини договори.

Судијката Инес Рохас рече дека Перуанците му верувале на Толедо како на свој претседател, задолжен за управување со јавните финансии и одговорен за заштита и обезбедување на правилната употреба на ресурсите.

Наместо тоа, како што цитираше Асошиетед прес, тој „ја измамил државата“. Толедо ги негираше обвиненијата против него и често се смешкаше, а понекогаш и се смееше, особено кога зборуваше судикјата, пренесе АП.

Во 2019 година, друг поранешен перуански претседател, Алан Гарсија, се застрела кога полицијата пристигна во неговиот дом за да го уапси под обвинение за поткуп во врска со Одебрехт, кој оттогаш го промени своето име во Новонор.

Двајца други поранешни перуански претседатели, Педро Пабло Кучински и Оланта Хумала, исто така се под истрага во случајот Одебрехт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ