Иницијативата за посетата беше на професорите на Катедрата по македонски јазик и литература при Универзитетот во Анкара, каде претседателот Иванов беше поканет да одржи предавање на тема „Турско-македонските односи“.
За време на предавањето, претседателот Иванов истакна дека турско-македонските односи се темелат на длабоки историски и културни врски, кои продолжуваат да се развиваат низ образованието и економската соработка.
Исто така нагласи дека студентите кои го изучуваат македонскиот јазик во Турција имаат важна улога како мост меѓу двете земји, придонесувајќи за продлабочување на соработката во различни области. Предавањето беше проследено од голем број студенти и професори, а дискусијата се фокусираше на историјата, заедничките културни вредности и идните перспективи за соработка меѓу академските институции на двете земји.
Во рамките на посетата, д-р Ѓорге Иванов оствари средба со претседателот на Големото народно собрание на Турција, Нуман Куртумлуш. Разговорот се фокусираше на значењето на билатералните односи во контекст на регионалната стабилност и просперитет. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните геополитички предизвици, улогата на парламентите во унапредувањето на демократските процеси и можностите за унапредување на економската и културната соработка. Претседателот Иванов ја истакна важноста на Турција како стратешки партнер на Македонија и изрази благодарност за континуираната поддршка што Турција ја дава во повеќе области од заеднички интерес, соопшти кабинетот на поранешниот претседател на Македонија Ѓорѓе Иванов.