петок, 18 октомври 2024

Поранешниот премиер на Турција: Војната на Израел и Хамас може да доведе до светска криза

Израелско-палестинскиот конфликт би можел да прерасне во глобална криза, ако борбите се прошират на Либан, Јемен и Иран, кажа поранешниот турски премиер Ахмет Давутоглу.

Објавено на

часот

Сподели

Тој ги обвини Соединетите Американски Држави дека долеваат масло на огнот ставајќи вето на резолуциите на Обединетите нации за прекин на огнот во Газа.

„Конфликтот не е проблем меѓу Газа и Израел – тоа е прашање на сите муслимани и христијани“, кажа Давутоглу, додавајќи дека тој ја вклучува борбата за контрола над источен Ерусалим и светите места важни за двете религии.

Упадот на Хамас во Израел на 7 октомври, кој предизвика моментална ескалација, се случи неколку дена откако еврејски доселеници насилно влегоа во џамијата Ал Акса.

„Имаше континуирани (израелски) напади на џамијата Ал Акса. Тие ништо не почитуваат“, кажа поранешниот турски премиер, додавајќи дека е „многу загрижен дека оваа криза ќе предизвика регионална војна или дури глобална криза“.

„Ако ова етничко чистење, овој геноцид (во Газа) продолжи, борбите би можеле да се прошират на Либан, Јемен и други места, и тоа ќе биде крај на стабилноста во регионот“, додаде Давутоглу.

„Израел не е надворешнополитичко прашање за Американците… тоа е 51-та држава на САД“, кажа Давутоглу и додаде: „Ова не е во ред. Ниедна земја не може да го блокира ОН поради сопствената внатрешна политичка амбиција или за сопствена меѓународна корист“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ