сабота, 27 јули 2024

Поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан осуден на уште 14 години затвор

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушра Биби се осудени на 14 години затвор во случајот поврзан со нелегална продажба на државни подароци, јавува Ројтерс, цитирајќи го весникот Дон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Антикорупцискиот суд во Исламабад ја донесе одлуката еден ден откако Кан и еден од неговите партиски заменици, Шах Махмуд Куреши, беа осудени на по 10 години затвор од друг пакистански суд за оддавање државни тајни.

Ројтерс истакнува дека сето ова се случува само една недела пред парламентарните избори во Пакистан закажани за 8 февруари.

Кан претходно беше осуден на три години затвор во август минатата година за продажба на државни подароци што ги добил за време на својот премиерски мандат во периодот од 2018 до 2022 година во вредност од повеќе од 140 милиони рупии (501.000 долари), што тој го негира.

Казната подоцна беше поништена, но Кан остана зад решетки по други обвиненија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ