среда, 30 октомври 2024

Поранешниот пакистански премиер Кан уапсен во судница

Објавено на

часот

Сподели

Неговата партија Терек-е-Инсаф објави дека Кан бил уапсен во судските простории од агенти на Националното биро за одговорност, државното тело за борба против корупцијата, пренесува АП.

Високиот партиски функционер Фавад Чаудри објави дека Кан бил извлечен од судот и дека владините агенти го вовлекле во полициско возило, па сега е во притвор. Тој го опиша апсењето како „киднапирање“.

Официјални лица на антикорупциското тело рекоа дека Националното биро за одговорност издало налог за апсење на Кан минатата недела во посебен случај за корупција и дека налогот не предвидува кауција.

Пакистанската телевизија ГЕО објави слики на кои се гледа како безбедносните сили го уфрлаат Кан во оклопно возило.

Кан беше сменет со гласање недоверба во април минатата година. Тој тврдеше дека неговото соборување е незаконско, дека е заговор на Западот и водеше кампања против владата на неговиот наследник, премиерот Шабаз Шариф, барајќи предвремени избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ