сабота, 27 јули 2024

Поранешниот министер Јанакиески замина во „Идризово“ со спакувани торби на грб и под седативи (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Со оглед дека рече оти не се чувствува безбедно, а во истражниот затвор „Скопје“ пред четири години беше нападнат од лица поврзани со случајот „Диво Насеље“, тој не сакаше да одговори дали се плаши од ликвидација.

Прашан за здравствената состојба, Јанакиески рече дека е под седативи. Тој не знаеше до каде е процедурата за спојување на притворите од 4,6 години за да му се засметаат во казната во „Титаник“.

Јанакиески е осуден на 3,6 години затвор во случајот „Титаник“ и е единствен до сите што поднесоа жалба, а доби затворска казна. На другите казните им беа ублажени во условни.

„Судија за извршување санкции има издадено наредба за спроведување на правосилно осуденото лице за кое прашувате од куќен притвор на издржување на казна затвор со оглед дека обвинетиот веќе бил во куќен притвор во предметот за кој Апелација веќе донесе правосилна пресуда”, велат од Основниот кривичен суд за овој предмет. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ