сабота, 27 јули 2024
Русија

Поранешниот лидер на бунтовниците во Доњецк Игор Гиркин осуден на четири години затвор

Судот во Москва го осуди поранешниот лидер на бунтовниците во Доњецк Игор Гиркин на четири години затвор за поттикнување екстремизам.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Игор Гиркин, кој го користеше презимето Стрелков (стрелец), беше најистакнатиот лидер на проруските сепаратисти во украинската област Доњецк во 2014 година, кога избувна бунт по соборувањето на украинскиот претседател близок до Русија, пишува АП.

Тој поранешен агент на ФСБ одигра значајна улога и во руската анексија на Крим.

Тој ја поддржа агресијата против Украина, но остро го критикуваше Кремљ за неговата „неспособност и неодлучност во борбата“.

Гиркин, кој ги негира обвинувањата, го обвини рускиот претседател Владимир Путин и врвот на војската дека не ја водат доволно ефикасно војната во Украина и најави дека ќе се кандидира против Путин на претстојните претседателски избори.

Неговиот случај беше внимателно следен како показател за тоа колку Кремљ ќе толерира агресивна критика за конфликтот во Украина, кој го нарекува „специјална воена операција“, пишува Ројтерс.

Гиркин беше приведен во јули минатата година кога го основаше „Клубот на лути патриоти“ за наводно да ја спаси Русија од, како што рече, опасност поради превирањата во системот, поради воените неуспеси во Украина.

Во објава од 18 јули на својот официјален канал Телеграм, кој во тоа време го следеа повеќе од 760.000 луѓе, Гиркин упати лични навреди кон Путин и го повика да ја предаде власта на „некој навистина способен и одговорен“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ