Албанската фудбалска легенда и поранешен капитен, Лорик Цана смета дека не е логично двете селекции да играат меѓусебни дуели.
„Верувам дека двете репрезентации не сакаат да се повтори скандалот. ФИФа и УЕФА имаат правила за забрани на натпревари на земји кои се во директен конфликт или кои имаат одредени политички недоразбирања. Иако двете земји не се во директен конфликт, поради тоа што го доживеавме како албанско малцинство во Југославија – не е логично да играме против Србија. Односите кои ги имаме со Србите како народ и некои процеси ја прават ситуацијата деликатна. Особено поради Косово и сè што минавме таму, каде што нема решение“, изјави Цана.
Овие две репрезентации играа меѓусебе во квалификациите за Европското првенство во 2016 година. Тогаш натпреварот во Белград беше прекинат поради упад на дрон со знамето на територија која ја нарекуваат голема Албанија и важи за провокација од албанска страна.