Веспрем потврди дека утринава Штербик не се чувствувал добро, отишол во болница каде што му соопштиле дека имал срцев удар. Во моментов е во добра состојба.
„Нашиот тренер на голманите, Штербик Арпад нема да патува со нашиот тим во вторник. Арпи утринава се почувствувал лошо и отишол во болница каде што му е дијагностициран срцев удар. Благодарение на брзата медицинска интервенција, тој се чувствува подобро и можеби утре ќе ја напушти интензивната нега. Му посакуваме брзо опоравување“, стои во соопштението на Веспрем.
Арпад Штербик од 2014 до 2018 беше голман на Вардар со кој ја освои и Лигата на шампионите.