недела, 20 октомври 2024
Имал лошо искуство со клубот од Париз

Поранешниот агент на Верати: ПСЖ ги уценува фудбалерите… клубот нема душа, мислат со пари можат да купат се!

Објавено на

часот

Сподели

ПСЖ ова лето влезе во војна со Килијан Мбапе откако напаѓачот реши да не ја искористи опцијата за продолжување на соработката до јуни 2025 година.

Се најавува дека „светците“ ќе извршат страшен притисок врз напаѓачот за тој или да стави потпис на нов договор, или да биде продаден до крајот на преодниот рок.

„ПСЖ ги третира фудбалерите како затвореници и ги уценува. Не можеш да правиш ти што сакаш. Марко Верати одлучи да оди во Барселона, и тоа не му се допадна на Емирот“ – вели поранешниот агент на Италијанецот, Донато Ди Кампли.

„Ал Келаифи дури ми порача дека повеќе нема да му бидам агент на Верати доколку продолжам да работам на трансферот. И на крајот токму тоа се случи“.

„Сигурен сум дека Марко беше исплашен, но нема да признае. Кога ќе тргнете против клубот, работите стануваат прилично лични“.

„Моето искуство со ПСЖ е многу лошо. Тоа е клуб без душа, мислат дека со пари можат да купат се, дека можат да го покорат светот со пари. Но веќе видовме дека не е така“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ