вторник, 22 октомври 2024

Поранешни заменици-министри цела година ќе примаат апанажа од државата

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ги одобри барањата на Енвер Хусеини, поранешен заменик-министер за труд и социјална политика, Александар Бајдевски, поранешен заменик-министер за информатичко општество и администрација, Назим Буши, поранешен заменик-министер за внатрешни работи и на Филип Николовски, поранешен заменик-министер за финансии да добиваат апанажа по престанокот на работниот однос. Комисијата донесе и решение за престанок на апанажа на Јетон Незири затоа што е именуван за директор на Комунална хигиена – Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Исто така, членовите на Комисијата на изборите и именувањата на денешната седница го утврдија и барањето за остварување на плата по престанок на функцијата заменик на генералниот секретар на Собранието на Мики Милковски и Неџбедин Ибраими.

Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Ѓорѓија Сајкоски посочи дека потпишал решение за престанок на апанажа на Јетон Незири, поранешен член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка за работен однос од втор степен, затоа што е именуван за директор на Јавното претпријатие Комунална хигиена на Скопје.

Право да остварува плата и по престанување на функцијата му беше утврдено со решение на Комисијата за прашања на изборите и именувањата истото да го остварува заклучно со 18 октомври 2024 година. Јетон Незири е именуван за вршител на должност директор на Јавно претпријатие Комунална хигиена на Скопје, сметано од 8 август. Со решението му се утврдува престанок на остварување на право на апанажа заклучно со 7 август оваа година.

Комисијата денеска ја донесе одлуката и за определување на надоместок на закупнина на стан за пратеничките Лидија Петковска и Ангелина Петкова. Комисијата исто така, го донесе и решението за остварување на отпремнина при заминување во пензија за поранешниот пратеник Мирослав Јовановиќ.

Членовите на Комисијата на седницата денеска ја утврдија и предлог-одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ