четврток, 12 септември 2024

Поранешни авганистански специјалци шверцуваат мигранти низ БиХ

Безбедносните агенции во Босна и Херцеговина имаат информации дека меѓу нелегалните мигранти кои доаѓаат во таа земја има сè повеќе криминални групи кои ги сочинуваат вооружени лица, а се бават со трговија со луѓе, предупреди директорот на Службата за работа со странци на БиХ Жарко Лакета.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој факт поттикнал дополнителна загриженост откако претходно неделава полицијата по оружена пресметка уби еден мигрант кој се забарикадирал во куќа во Невесиње, во источна Херцеговина, а пред тоа им се заканувал на мештаните и пукал во нив и фрлал рачни гранати.

Шверцот на мигранти, како што проценуваат безбедносните агенции, повторно добива на замав и се одбива и преку територијата на БиХ, а меѓу организаторите на тие активности најбројни се државјаните на Авганистан, Мароко и Ирак.

Слични проблеми има и Србија, чија полиција сега ги заострува акциите на границата со Унгарија.

„Тие групи, кои во голем дел работат и на подрачјето на БиХ, ги сочинуваат луѓе од специјалните единици на војската на Авганистан, кои беа поразени и избегаа од таа држава. Сега се организирани и се бават со префрлање мигранти преку БиХ, а делумно се движат и во земјите од Европската Унија бидејќи имаат азил“, вели Лакета за Дневни аваз.

Полицијата и Службата за работа со странци на БиХ спроведуваат постојан надзор над центрите за привремено сместување на мигрантите за да соберат информации за шверцерите.

Во четирите центри во БиХ, кои се лоцирани во околината на Сараево и Бихаќ, во моментов престојуваат нешто повеќе од 1.800 мигранти. Сите кои доаѓаат таму не остануваат повеќе од седум до 10 дена бидејќи настојуваат што побрзо да преминат во Хрватска и да го продолжат патот кон други држави во ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ