среда, 22 јануари 2025

Поранешната шефица на српската полиција осудена на затвор

Дијана Хркаловиќ, поранешната државна секретарка во Министерството за внатрешни работи на Србија на која ѝ се судеше за трговија со влијание, денес е прогласена за виновна на Специјалниот суд во Белград. Хркаловиќ е осудена на една година и четири месеци затвор, а во казната ѝ влегува и времето поминато во притвор, јавуваат српските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Покрај Хркаловиќ, на обвинителната клупа се наоѓа и поранешниот началник на новосадската Полициска управа Милорад Шушниќ, кој исто така е прогласен за виновен и осуден на една година затвор. Полицискиот началник Дејан Миленковиќ е ослободен од вина поради сложеното дело кое не е докажано.

Хркаловиќ беше обвинета дека ја злоупотребила својата позиција како секретар на Управата на криминалистичката полиција, подоцна и позицијата државна секретарка на МВР на Србија кога ги издала незаконските налози на Дејан Миленковиќ, началникот на Службата  за специјални истражни методи (ССИМ) на Управата на криминалистичката полиција (УКП) да не го доставува извештајот и собраните доказни материјали од мобилните телефони и СИМ картичките одземени од Вељко Беливук и другите осомничени за убиството на Властимир Милошевиќ. Беливук е познат под прекарот Веља Невоља.

Тоа убиство се случи на 30 јануари 2017 во центарот на Белград, а остана запаметено како „убиство на шините“.

Властимир Милошевиќ, каратист и шеф на обезбедување во повеќе белградски ноќни клубови, беше убиен на трамвајска пруга во Белград на 30 јануари 2017.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ