Хејли на настан во Вашингтон изјави дека не секогаш политички се согласува со Трамп. „Но (американскиот претседател Џо) Бајден беше катастрофа и ќе гласам за Трамп“, рече таа.
Поранешната американска амбасадорка при ОН се откажа од трката за номинација на Републиканската партија во март и првично не сакаше да го поддржи Трамп.
Хејли рече дека Трамп не треба да претпоставува дека ја има поддршката од нејзините гласачи, без оглед на нејзината лична одлука.
„На Трамп би му било мудро да им се обрати на милионите луѓе кои гласаа за мене и продолжуваат да ме поддржуваат, а не да претпоставува дека тие едноставно ќе застанат покрај него“, предупреди денеска Хејли.
Изборите во САД на 5 ноември ќе бидат реванш меѓу Трамп и Бајден, кои немаат вистинска конкуренција во своите партии.