сабота, 27 јули 2024

Поранешната премиерка на Нов Зеланд Џасинда Ардерн ќе се вклучи во борбата против онлајн екстремизмот

Објавено на

часот

Сподели

Таа сега, како специјален пратеник на глобалната иницијатива Крајстчерч кол основана во 2019 година, ќе се вклучи во неплатена работа во борбата против екстремизмот. Иницијативата во колективните напори за борба против сите форми на екстремизам обединува над 120 земји, технолошки компании и даватели на интернет услуги и здруженија на граѓанското општество.

Во март 2019 година, во напад на две џамии во Крајстчерч, вториот по големина град во Нов Зеланд, беа убиени 51 лице, а 40 други беа повредени. Нападот го изврши 28-годишниот белец Брентон Тарант, а воочи нападот објави манифест на 87 страници полн со антимигрантски и антимуслимански содржини, како и објаснувања зошто го извршил нападот.

Делови од нападот пренесуваше во живо на својата Фејсбук страница. „Крајстчерч кол е приоритет на надворешната политика и Џасинда Ардерн продолжува да работи на елиминирање на насилниот екстремизам на интернет“, рече Хипкинс.

„Терористичката и другата содржина со екстремно насилство на интернет се глобален проблем, но за многумина во Нов Зеланд тоа е многу лично“, додаде тој. Ардерн стана најмладата премиерка во светот кога победи на изборите на 37-годишна возраст.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ