сабота, 27 јули 2024

Поранешна советничка: Трамп сметаше дека Украина мора да биде дел од Русија

Додека бил претседател, Доналд Трамп „многу јасно“ го изразил своето мислење дека Украина „мора да биде дел од Русија“, тврди неговата поранешна советничка Фиона Хил во нова книга за националната безбедност на Соединетите Американски Држави која е загрозена од Русија и Кина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Трамп многу јасно кажа дека смета дека Украина, и секако Крим, мора да бидат дел од Русија. Тој навистина не можеше да ја сфати идејата дека Украина е независна држава“, тврди Хил, виша директорка за европски и руски работи во Националниот совет за национална безбедност на САД од 2017 до 2019, во книгата на Дејвид Сангер, новинарот на Њујорк тајмс, „Новата Студена војна: Подемот на Кина, руската инвазија и борбата на Америка да го одбрани Западот“.

Сангер пишува дека тоа значело дека погледот на Трамп на Украина е „есенцијално идентичен“ на тој на Владимир Путин, рускиот претседател кој ја нареди инвазијата на Украина во февруари 2022 година, една година откако Трамп ја напушти функцијата. Пред почнувањето на инвазијата, Путин порача: „Украина е неодвоив дел на нашата историја, култура и нашиот духовен простор“.

Минатиот месец, во говорот на 10-годишнината од анексијата на Крим, Путин  порача дека окупираните делови од Украина се дел од „Нова Русија“.

Книгата „Новата Студена војна“ ќе биде објавена во САД во вторник на 16 април.

Книгата излегува во време кога војната во Украина трае веќе трета година, додека 60 милијарди долари нова воена помош на САД за Киев се блокирани од страна на републиканците во американскиот Претставнички дом, постапувајќи во согласност со желбите на Трамп пред ноемвриското соочување со Џо Бајден за враќање на власта.

Хил во Вашингтон во февруари на конференција организирани од конзервативци кои не го поддржуваат Трамп кажа дека Путин му е идол на поранешниот американски претседател поради неговото автократско лидерство и долговечноста на власта. Тој став, според Хил, придонел Трамп бесно да го отфрли заклучокот на разузнавачките агенции дека Русија се мешала во изборите во 2016 година за да му помогне на Трамп да победи во трката за претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ