сабота, 27 април 2024

Весна Ангелова после 30 години членство во СДСМ: Направената штета од лошите политики е поголема од штетата што ја направи Скопје 2014

Весна Ангелова, ќерка на поранешниот амбасадор во Унгарија, Атанас Вангелов, на својот фејсбук профил напиша дека по 30-годишно членство во СДСМ, незадоволна од седумгодишното владеење на социјалдемократите, ја напушта партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„После 7 години владеење на СДСМ и мое 30-годишно членство во оваа партија, со големо жалење морам да го констатирам следново:

– СДСМ не направи апсолутно ништо добро за државата.

– СДСМ ја напушти социјалдемократската определба.

– СДСМ ги направи Македонците граѓани од втор ред.

Направената штета од лошите политики е далеку поголема од штетата што ја направи Скопје 2014. СДСМ не само што треба да замине во историјата, туку треба да се избрише од политичката сцена“, напиша Ангелова на својот фејсбук профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ