сабота, 27 јули 2024

Поранешен шеф на ЦИА: Ако започне копнена инвазија, Газа ќе стане Могадишу на стероиди

Воената копнена офанзива на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Појасот Газа би траела со години и би вклучувала ужасни борби, изјави за Политико Дејвид Петреус, пензиониран генерал на американската војска кој служел во Ирак и Авганистан и е поранешен шеф на ЦИА.

Објавено на

часот

Сподели

Говорејќи по бруталните напади на Хамасовите милитанти врз Израел, поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција предупреди дека продолжувањето со кампањата на ИДФ за копнена инвазија многу брзо може да стане „Могадишу на стероиди“.

Наведувајќи го инцидентот од 1993 година во кој беа соборени три американски хеликоптери Блек хок во сомалиската престолнина Могадишу, предизвикувајќи крвави урбани борби во кои загинаа 18 американски војници, Петреус рече дека ИДФ ќе се соочи со слична ситуација на територијата на непријателот доколку изврши копнена инвазија.

„Ако Хамас е креативен во одбраната како што беше во тој ужасен, варварски напад, тогаш ќе видите бомбаши самоубијци, ќе видите импровизирани експлозивни направи, ќе има заседи, мини и урбаната средина ќе биде предизвик за војската“, рече тој.

Петреус рече дека неговото искуство во водење војска за време на брутални контрабунтовнички кампањи треба да послужи како предупредување за ИДФ ако продолжи со копнената инвазија.

„Тешко ми е да замислам потешка средина од оваа конкретно, а командував со силите во низа големи урбани операции“, рече Петреус. „Не можете да победите во контрабунтовнички операции за една или две години. Тие обично траат една деценија или повеќе, како што видовме во Ирак и Авганистан“, додава тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ