сабота, 27 јули 2024

Поранешен градоначалник на Свети Николе заработи кривична пријава, потпишал два штетни договори

Поранешниот градоначалник на Свети Николе, Сашо Велковски заработи кривична пријава, соопшти денеска МВР. ТОј е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, тој во 2021 година за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во населеното место Рудина, спротивно на законските одредби и со пречекорување на своите овластувања, спровел јавна набавка и склучил договор со приватна фирма во вредност од 1.649.400 денари, а во текот на градбата бил склучен и анекс договор во вредност од 329.806 денари за непредвидени и дополнителни работи.

„Во исто време, во 2021 година, повторно спровел јавна набавка за тампонирање и чистење на улиците во Свети Николе со градежна механизација во вредност од 2.500.000 денари со друго правно лице, кое по негово одобрение, спротивно на одредбите од договорот, го ископало ровот за фекалната канализација. По преземените мерки било утврдено дека за проектирана вредност на фекалната канализација од 1.996.082 денари, биле платени вкупно 4.761.957 денари“, наведува Министерството за внатрешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ