сабота, 27 јули 2024

Поранешен голман на Фенербахче потпиша за Гостивар

Брзо откако го промовираше новиот тренер, Исмаил Аталан, Гостивар објави и ново засилување, се работи за голманот Ертен Ерсу кој во минатото бил член на Фенербахче.

Објавено на

часот

Сподели

Ертен Ерсу потекнува од школата на Фенербахче, таму и ја почнува сениорската кариера, бил седум години во овој тим пред да замине за Газиантепспор, бранел и за Коњаспор.

29-годишниот Ерсу никогаш не бил прв голман на Фенербахче, но самото тоа што толку долго бил член на турскиот гигант кажува дека станува збор за квалитетен голман.

Се очекува во наредните денови Гостивар да промовираше уште неколку нови засилувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ