петок, 18 октомври 2024
Французинот имаше еден куп пехови оваа сезона

Поранешен доктор на Јувентус по новата повреда на Погба: Ќе направи голема грешка доколку…

Објавено на

часот

Сподели

Пол Погба минатото лето се врати во Јувентус, но има сезона за заборав откако честите повреди ја лимитираа неговата минутажа. Во неделата, Французинот за прв пат беше стартер оваа сезона против Кремонезе, но на теренот помина само дваесетина минути и поради нова повреда со солзи во очите го напушти теренот.

Прегледите покажаа дека станува за повреда на листото на ногата, се прогнозира дека ќе паузира до еден месец, со што сезоната за него веќе е завршена.

Во разговор со Тутоспорт, поранешниот доктор на Јувентус, Фабрицио Тенконе ја прокоментира ситуацијата на Пол Погба.

„Летово ќе биде клучно за следната сезона“ – вели Тенконе, кој беше дел од „старата дама“ од 1995 до 2016 година.

„Не е доволно само да се појави на првиот тренинг и да мисли дека одморот ќе му ги реши сите проблеми. Тоа ќе биде голема грешка“.

„Погба мора да одработи персонализирана програма и прогресивно да се подготвува цело лето за да биде во форма кога ќе почнат тренинзите за новата сезона“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ