сабота, 27 јули 2024

Поранешен британски воен разузнавач: Копнената офанзива на Израел веројатно ќе почне во следните денови

Поранешниот офицер на британската воена разузнавачка служба Филип Инграм смета дека во следните денови ќе следи израелска копнена офанзива на Газа.

Објавено на

часот

Сподели

Тој смета дека ослободувањето на двете заложнички на Хамас милитантната група ќе го гледа како начин за одложување на израелска копнена офанзива во Појасот Газа.

Израел од своја страна ќе донесе одлука за инвазија кога ќе биде спремен, смета Инграм.

„Две недели по нападот на Хамас би била најраната фаза во која Израел би можел да ја почне офанзивата“, оцени Инграм, бидејќи е потребно „многу време за да се подготви. Тој додаде дека Израел ќе го напаѓа подрачјето кое Хамас со години го подготвувал.

Поранешниот британски офицер верува дека офанзивата ќе се случи „веројатно во следните неколку дена“, при што Израел ќе мора да ги надомести потенцијални загуби поради прераното влегување во однос на давањето дополнително време на Хамас да се подготви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ