сабота, 27 јули 2024

Поранешен борец на ОНА до Ахмети: И јас барам да не одиш на гробот на мојот брат

Објавено на

часот

Сподели

Ардиан Красниќи, поранешен припадник на ОНА преку Фејсбук му порача на некогашниот воен водач, а денеска лидер на ДУИ, Али Ахмети, дека не е изненаден од постапката на таткото на загинат борец кој на гробиштата во Слупчане не ѝ дозволи на делегацијата на ДУИ да пријде до гробот на неговиот син и кој не му дозволи на Ахмети да остави цвеќе.

Красниќи му порача на Ахмети да не доаѓа на гробот и на неговиот брат, борец на ОНА,  Висар Красниќи, а им порачува и на други лица, нарекувајќи ги предавници, да не доаѓаат на гробот, меѓу кои ги набројува Артан Груби и Назим Буши. Меѓу другото, Красниќи вели дека имал ветување од Ахмети за средба и расчистување на работите, но оттогаш не се слушнале.

Утрово пак, лидерот на ДУИ; Али Ахмети објави дека примил поранешни политички активисти кои заради своите идеали биле казнети со затвор во Пожаревац.

„Со гордост евоциравме спомени од одлучувачките моменти на националната активност за зачувување на националното достоинство, при што изразив голема благодарност за нивната нераскинлива упорност на патот на патриотските идеали пред цензурата и изолацијата и за нивната храброст да го отворат патот кон слободата, што беше потоа инспирација за цели генерации“; напиша Ахмети на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ