сабота, 27 јули 2024

Поранешен американски амбасадор осуден на 15 години затвор за шпионирање за Куба

Поранешниот американски амбасадор беше осуден во Мајами на 15 години затвор за повеќедецениско шпионирање за Куба.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Седумдесет и тригодишниот Виктор Мануел Рока, уапсен на почетокот на декември, е обвинет дека бил шпион на комунистичката влада во Хавана додека градел кариера во американската дипломатија.

Тој имал пристап до доверливи документи и влијание врз американската надворешна политика.

Поранешниот дипломат, кој се изјасни за виновен, е осуден „на максималната казна пропишана со закон“, соопшти судот во Мајами.

Овој случај е „една од најдолгите инфилтрации што влијае на најзначајните нивоа, бидејќи се работи за странски агент во американската држава“, изјави министерот за правда Мерик Гарланд во моментот на обвинението.

„Рока работел како таен агент на кубанската држава повеќе од 40 години“ пред да го открие Федералното истражно биро (ФБИ), изјави Галанд.

Осудениот дипломат бил на високи позиции во американската дипломатија, пред да ја заврши кариерата во Стејт департментот како амбасадор во Боливија од 2000 до 2002 година.

Тој исто така бил член на Советот за национална безбедност од 1994 до 1995 година во времето на претседателот Бил Клинтон.

Виктор Мануел Рока бил во бројни американски амбасади во Латинска Америка, вклучително и во Хавана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ