сабота, 27 јули 2024

Порака „Ние не сме геноциден народ“ во Белград (ВИДЕО)

Порака „Ние не сме геноциден народ“ беше истакната во вторникот вечерта на Кулата „Белград“ пред седницата на Генералното собрание на Обединетите нации на која ќе се гласа за резолуцијата за Сребреница.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што се гледа на снимката од социјалните мрежи, пораката е испишана на екранот на кулата изградена во рамки на комплексот Белград на вода.

Идентична порака објавија претседателот на Србија Александар Вучиќ и лидерот на босанските Срби Милорад Додик на своите профили на социјалните мрежи.

Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм објави кратко видео во кое пишува: „Ние не сме геноциден народ. Памтиме… Горда Србија и Српска“.

Истото видео го објави и Додик на социјалната мрежа Икс.

Пред генералното собрание на ОН на 23 мај на дневниот ред е расправата за предлог резолуцијата за Сребреница, на чие усвојување официјален Белград се противи.

Вучиќ и Додик во повеќе наврати резолуцијата ја нарекоа политичка декларација со која се сака да се стави колективен жиг на челото на цел еден народ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ