Како што се гледа на снимката од социјалните мрежи, пораката е испишана на екранот на кулата изградена во рамки на комплексот Белград на вода.
1984 pic.twitter.com/mgiF1zVAOo
— Izvesni Loneti (@luKlomban) May 21, 2024
Идентична порака објавија претседателот на Србија Александар Вучиќ и лидерот на босанските Срби Милорад Додик на своите профили на социјалните мрежи.
Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм објави кратко видео во кое пишува: „Ние не сме геноциден народ. Памтиме… Горда Србија и Српска“.
Истото видео го објави и Додик на социјалната мрежа Икс.
Пред генералното собрание на ОН на 23 мај на дневниот ред е расправата за предлог резолуцијата за Сребреница, на чие усвојување официјален Белград се противи.
Вучиќ и Додик во повеќе наврати резолуцијата ја нарекоа политичка декларација со која се сака да се стави колективен жиг на челото на цел еден народ.