сабота, 27 јули 2024

Порака до Путин: Америка пренесува нуклеарно оружје во Британија

САД планираат да преместат нуклеарни боеви глави во Велика Британија како одговор на растечката закана од Русија, објави денеска британски Телеграф. Високи воени и цивилни претставници од двете страни на Атлантикот повикаа на зголемени подготовки во случај на можна војна меѓу силите на НАТО и Русија.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Документите на Пентагон, според Телеграф, покажуваат дека нуклеарното оружје ќе биде сместено во базата на британските воздухопловни сили Лејкенхит во Сафолк. Весникот наведува дека се работи за оружје кое е околу три пати помоќно од бомбите фрлени врз Хирошима.

Новинарите, исто така, го контактираа Министерството за одбрана на Обединетото Кралство за коментар, чиј портпарол рече: „Долгогодишната политика на Обединетото Кралство и НАТО е ниту да го потврдуваат ниту да го негираат присуството на нуклеарно оружје на одредена локација“.

Американските нуклеарни бомби последен пат беа стационирани во ОК во 2008 година, кога беа отстранети бидејќи заканата за конфликт со Русија од Студената војна се намали. Се верува дека нуклеарните бомби од типот Б61-12, кои можат да бидат истрелани од борбени авиони, би можеле да бидат испратени во базата на британските воздухопловни сили, наведе Телеграф.

Телеграф наведува дека трансферот на нуклеарните бомби произлегува од програмата на НАТО за развој и надградба на нуклеарни локации, што беше поттикнато од руската инвазија на Украина. Претходно оваа недела, генералот Патрик Сандерс, шефот на британската армија во заминување, рече дека нејзините редови од 74.000 војници треба да бидат засилени со најмалку 45.000 резервисти и граѓани.

Генералот Ричард Шериф, поранешен заменик врховен командант на сојузничките сили на НАТО, изјави за Скај њуз дека одбранбениот буџет на ОК не е доволно голем за адекватно зајакнување на британските вооружени сили. Тој додаде дека е време да се „размисли незамисливото“ и да се размисли за воведување воен рок за да се подготви земјата за потенцијална копнена војна.

„Мислам дека треба да направиме чекор понатаму и внимателно да размислиме за воведување задолжителна воена служба“, рече тој. Но, британската влада ги отфрли таквите идеи, велејќи дека воената служба ќе остане доброволна.

Карлос Дел Торо, заменик-секретар за одбрана на САД задолжен за воената морнарица, го повика ОК да ја преиспита големината на своите вооружени сили со оглед на „заканите што постојат денес“. Британската влада вели дека одбранбениот буџетот е соодветен, потсетувајќи дека Вашингтон „сам ја избрал“ британската морнарица како партнер во нападите врз јеменските бунтовници Хути во Црвеното Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ