„Прекинот на работите на оваа делница ќе биде направен заради зголемен проток на сообраќај во месец август, за да се избегнат застоите, а се во насока на зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот кои ја користат оваа делница. Изведувачот на работите, Гранит-Скопје, привремено ќе ги стопира градежните активности на рехабилитација на тунелот, при што за време на прекинот сообраќајот ќе се одвива нормално, а не под посебен режим“, соопштуваат од Јавно претпријатие за државни патишта.
Работите на овој дел од државниот пат ќе продолжат на почетокот на месец септември.