Македонија е во шок по неверојатната трагедија која се случи во Кочани. ФФМ денеска излезе со соопштение во кое потврди дека се одложуваат мечевите со Естонија и се сведуваат на минимум медиумските активности на сениорите.
„Поради големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, Фудбалската федерација на Македонија, во знак на почит и солидарност, праќа информација дека медиумските активности со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум, односно само на неопходните обврски.
Исто така, одложени се пријателските натпревари на Македонија до 16 години кои требаше да се одиграат со Естонија во Скопје.
Ви благодариме за вашето разбирање во овие тешки моменти“, соопштија од ФФМ.